Новости

На ден 19.07.2021 година, врз основа на поднесено соодветно барање и придружна документација, во Депозитарот беше регистрирана нова емисија на хартии од вредност издадени од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје (банка што презема) и беа спроведени соодветни промени на сметките на хартии од вредност на акционерите на Охридска банка АД Скопје (банка што се присоединува).

Имено, со извршената статусна промена Охридска банка АД Скопје престана да постои по пат на бришење од Трговскиот регистар без нејзина ликвидација – присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, а целокупниот имот и обврски преминуваат на Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, во замена за акции од страна на Шпаркасе банка Македонија.

За таа цел, Депозитарот согласно доставената документација, изврши низа активности меѓу кои: регистрирање на новата емисија на хартии од вредност, со која од страна на Шпаркасе банка Македонија се издадени 1.054.681 обични акции со ISIN MKINBA101012 и номинална вредност од 2670 МКД по акција и истите ги дистрибуираше на вкупно 404 акционери кои се стекнаа со соодветен број на акции од новата емисија на обични акции издадени од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје во замена за акциите издадени од Охридска банка АД Скопје.

Како резултат на извршениот упис на статусната промена во Централниот регистар на РСМ, Депозитарот изврши повлекување на податоците од акционерската книга на Охридска банка АД Скопје во историската база на податоци.