Новости

На ден 04.08.2021 година, согласно Проспектот и доставените податоци за имателите од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во ЦДХВ е регистрирана емисијата на Обврзници за денационализација Дваесетта емисија со ИСИН MKMINF200DK7. Со Дваесеттата емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 01.01.2020 до 31.12.2020 година со кои како надомест се даваат обврзници. На сопствениците  на регистрираните обврзници ќе им бидат доставени изводи од сметка по пошта.