Ирена Николовска

      Независен неизвршен член

      Датум на раѓање

     11.09.1975 година

      Образование

     Магистер за деловно управување (MBA)

     Универзитет Американ Колеџ Скопје, Факултет за деловна економија и организациски науки

Дипломиран економист (Финансии и банкарство), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски факултет, Скопје

 

Сегашно работно место

  • Основач и управител / Бизнис консултант, Друштво за независно истражување
    и иновативни решенија ИРИС Консалтинг ДООЕЛ, Скопје

 

Професионално искуство

  • Советник на клиенти и предавач на семинари и стручни обуки на теми од областа на даноците, финансиите, сметководството (МСФИ), спречувањето на перење пари и од други економски области
  • Автор на публикувани стручни статии, студии и елаборати од областа на даноците, финансиите, сметководството (МСФИ), спречувањето на перење пари и од други економски области
  • Автор на прирачникот „Даноците по одбивка од приходите на странски правни и физички лица“ (272 страни; три изданија), коавтор на прирачникот „Персонален данок на доход“ (372 страни; две изданија) и коавтор на „Прирачникот за оданочување на невладиниот сектор - процедури, права и обврски“ (149 страни)

 

Сертификати

  • Овластен сметководител - сертификат издаден од Министерството за финансии на РСМ (2012) и регистриран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (2016)
  • Лиценциран брокер - Лице овластено за работа со хартии од вредност во РСМ од страна на Комисијата за хартии од вредност на РСМ (2004)
  • Постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно за подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје (2003)

 

Членство

  • Здружение на даночни советници на РСМ
  • Институт на сметководители и овластени сметководители на РСМ (www.isos.mk)