Пренос на хв заради статусни промени

1. При основање ново трговско друштво или зголемување на основната главнина со непаричен влог што се состои од хартии од вредност ЦДХВ врши пренос на хартиите од вредност од сметката за хартии од вредност на сопственикот – основачот на сметката за хартии од вредност на новооснованото или веќе основаното трговско друштво, по доставување на регистрација од Централниот регистар – Регистар на трговски друштва и други правни лица. Ваквата постапка се применува и за зголемување на основната главнина или за основање трговско друштво со непаричен влог што се состои од акции регистрирани во ЦДХВ што имаат седиште во странство, по доставување регистрација на извршената промена во матичниот регистар на друштвото што се основа, односно што ја зголемува основната главнина со непаричен влог. За спроведување на преносот на хартии од вредност што биле вложени во трговско друштво до Депозитарот треба да биде доставена следнава документација:

  • Барање од субјектот што се стекнува со хартиите од вредност;
  • Акт на субјектот што се стекнува со хартиите од вредност за преземање на хартиите од вредност (одлука, изјава за основање, договор за основање, статут и сл.);
  • Решение од Централниот регистар – Регистар на трговски друштва и други правни лица;
  • Уплата на соодветен надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.

2. Кога во постапката за ликвидација на трговското друштво останува имот на друштвото што се состои во хартии од вредност тој се распределува на содружниците/акционерите на друштвото по доставување на следнава документација до ЦДХВ:

  • Ако се работи за судска ликвидација – судско решение со кое се заклучува ликвидациската постапка во кое се наведени хартиите од вредност и начинот на нивната распределба, а ако во решението нема спецификација на хартиите од вредност и начинот на распределба, дополнително се доставува и соодветен акт/одлука на ликвидаторот за начинот на распределбата;
  • Ако се работи за доброволна ликвидација – решение за упис на бришење на друштвото од трговскиот регистар преку ликвидација и соодветен акт/одлука на ликвидаторот за начинот на распределбата.

Депозитарот го задржува правото да побара и дополнителна документација со цел идентификација на вистинскиот сопственик на клиентот согласно важечката регулатива.

3. Пренос на хартии од вредност кои биле во сопственост на трговско друштво бришано од Трговскиот регистар врз основа на член 552-а и 552–б од Законот за трговски друштва, се спроведува во Депозитарот со доставување на слeдната документација (во оригинал, или нотарски заверена копија):

  • Решение за бришење на трговското друштво издадено од Централниот регистар – Трговски регистар и регистар на други правни лица;
  • Тековна состојба на избришан субјект издадена од Централниот регистар за тоа кои биле сопственици на удели, односно акции во трговското друштво кое било избришано во моментот на бришењето на трговското друштво од Трговскиот регистар; и
  • Нотарски заверена Спогодба со извршна клаузула за распределба на хартиите од вредност помеѓу сопствениците на удели, односно акции, или нотарски заверена Изјава од сопственикот на уделот, односно акциите доколку трговското друштво било основано од едно лице.
  • Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, задолжително се доставува пополнета и потпишана:

          - Апликација за регистрирање/ажурирање на клиент (физичко лице)

          - Апликација за регистрирање/ажурирање на клиент (правно лице)

 

Депозитарот ќе го изврши преносот, доколу потребната документација биде доставена во рок од една година од денот на донесувањето на решението за бришење.“