Податоци за состојба на сметка на починато лице

Депозитарот обезбедува податоци за состојбата со хартиите од вредност на сметка на починато лице, врз основа на:

 

1.  Барање од наследниците, со задолжително приложување на копија од смртовница и доказ за уплата на надоместок за издавање на изводот (уплатница) или

2.    Барање од нотар определен за водење на оставинската постапка и доказ за уплата на надоместок за издавање на изводот (уплатница).

 

Барањето може да бидe поднесено лично во просториите на Депозитарот или преку пошта.

Доколку барањето се доставува преку пошта, се доставува на адресата на Депозитарот, ул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, Скопје.

Уплатни сметки на ЦДХВ