Новости

Соопштение за извршена донација

 

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Македонска берза АД Скопје донираа 1.000.000 денари на сметката на Министерството за здравство

 

Имајќи предвид дека се соочуваме со многу сериозна здравствена и економска криза поради настанатите состојби поврзани со вирусот COVID-19, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари.

 

Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата.