Новости

На ден 13.08.2020 година, Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесе Одлука со која се утврдува престанок и трајно исклучување од членството на Еуростандард Банка АД Скопје, како членка берзански посредник и ОТЦ членка. Одлуката е донесена врз основа на Решение на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр. УП1 08-63 од 13.08.2020 година, со кое е утврдено трајно одземање на дозволата за работа на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги од хартии од вредност, за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата и Решение бр. 15-20139/1 од 12.08.2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија, со кое е укината дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, поради тоа што се исполнети условите за воведување на стечајна постапка во банката.