30.12.2015
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека на ден 31.12.2015 година (четврток) Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе работи со клиенти до 12:30 часот.
Ви ги честитаме претстојните празници и Ви посакуваме среќна и успешна 2016 година!
Со почит,
ЦДХВ АД Скопје
18.12.2015
На ден 17.12.2015 год., согласно доставената документација од страна на М-НАВ АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност ‒ втора емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-126 од 05.12.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 71.202 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 1.225.192.000 МКД и е поделена на 1.225.192 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција.
10.12.2015
Согласно Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно донесениот заклучок на Владата на Република Македонија за одработување на неработниот ден 02.12.2015 година (среда) на 12.12.2015 година (сабота), Ве известуваме дека 12.12.2015 година е работен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Истовремено, Ве известуваме дека на 12.12.2015 година системот на ЦДХВ ќе биде отворен за работа на членките на Депозитарот и за порамнување на трговски трансакции со хартии од вредност.