Александар Стојков
Д-р Александар Стојков е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на научната област економски науки, во состав на Институтот за деловно право и економски науки. Докторирал на Универзитетот Стафордшир во Велика Британија, а во рамките на стипендиската програма, се стекнал и со последипломски сертификат за примена на квантитативните економски методи. Во 2010-11 година остварил постдокторски истражувачки престој во Монтреал (Канада). Стојков бил ангажиран како надворешен консултант на Министерството за финансии, Министерството за економија, Светската банка, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE), Мрежата на асоцијации на единиците на локална самоуправа од Југоисточна Европа (NALAS), Европската комисија, Развојната програма на Обединетите нации (UNDP) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID). Извршувал повеќе функции како член на Управниот одбор на МАПАС, неизвршен надворешен член на Комисијата за хартии од вредност, член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и надворешен член на Советот на Народната банка. Има објавено три учебника и над 60 научни статии во домашни и меѓународни рецензирани списанија, главно од областа на меѓународната макроекономика, корпоративните, јавните и локалните финансии.