ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, согласно член 32 став 2) од Законот за хартии од вредност, за издавачите на хартии од вредност, како дополнителна услуга може да врши пресметка и исплата на дивиденда и/или камата, за што Депозитарот склучува договор со издавачот. Издавачот УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ оваа година ќе исплатува дивиденда преку Депозитарот, поради што, потребно е акционерите на УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ до Депозитарот да достават податок за платежна сметка во банка, преку која ќе се врши исплатата на дивидентата. Ажурирањето на овој податок Депозитарот ќе го изврши врз основа на пополнет Образец од страна на акционерот и доставен во писарницата на Депозитарот, или испратен по пошта на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, П.Фах. 274, Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ИМАТЕЛИТЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ИМАТЕЛИТЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ги известува имателите на хартии од вредност дека, согласно важечката Тарифа на ЦДХВ, од 1 јануари 2027 година започнува примената на новиот надоместок за централно чување на хартии од вредност (safekeeping fee).
Надоместокот се однесува само на иматели чија вкупна вредност на портфолиото на хартии од вредност надминува 1.000.000 евра , согласно условите и начинот на пресметка утврдени во Тарифата.
Надоместокот ќе се пресметува и наплатува квартално, почнувајќи од 2027 година.
Со оглед на тоа што станува збор за нова тарифна ставка, ги повикуваме имателите на портфолија над наведениот праг навремено да се запознаат со условите, стапките и начинот на пресметка на надоместокот утврдени во Тарифата на ЦДХВ.
Целосниот текст на важечката Тарифа е достапен на веб-страницата на ЦДХВ:
Тарифа на ЦДХВ: https://www.cdhv.mk/тарифа.aspx
📢 Нова граѓанска обврзница – уште една можност за граѓаните да инвестираат во домашни хартии од вредност На 19.12.2025 година, во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана третата граѓанска обврзница со ознака ДО2025/27-1227 и ISIN број MKMINF20GCP4.
🔹 Вкупен износ: 2,03 милијарди денари
🔹 Број на иматели: 1.511 граѓани
🔹 Каматна стапка: 4,5% годишно
🔹 Исплата на камата: 19.12.2026 и 19.12.2027
🔹 Исплата на главница: 19.12.2027
📬 До сите иматели ќе биде испратен извод од сметка за хартии од вредност по пошта, во рок од пет работни дена од регистрацијата.
Граѓанските обврзници се едноставен и безбеден начин за штедење и инвестирање, со јасно дефинирани услови и сигурна исплата. #ГраѓанскаОбврзница #Инвестирањето е #Штедење #ФинансискаПисменост
