Пренос врз основа на судско порамнување
За спроведување нетрговски пренос на хартии од вредност врз основа на записник за судско порамнување, до ЦДХВ се доставува следнава документација:
- записник за судско порамнување со клаузула на извршност, составен и заверен од надлежен суд во оригинал или заверена копија,
- ако лицето што се стекнува со хартиите од вредност врз основа на судското порамнување нема сметка за хартии од вредност се доставува и документација за отворање сопственичка сметка за хартии од вредност дадена на следниов линк,
- уплата на надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.
Ако наследникот нема отворено сметка за хартии од вредност во ЦДХВ, потребно е да поднесе и документација за отворање сметка за хартии од вредност дадена на следниов линк.