Увид во акционерска книга

Сопственикот на хартија од вредност може да има пристап до списокот на физички и правни лица што поседуваат акции кај издавачот по претходно барање на Образец БУ доставено до Депозитарот и плаќање на потребниот надоместок утврден во тарифата на Депозитарот.

Сопственикот на акциите што стекнува податоци преку увид во акционерската книга, податоците не смее да ги пренесува и да ги прави достапни на други лица, односно може да ги користи исклучиво за остварување на правата на акционерите.

Депозитарот го овозможува увидот во акционерската книга на два начина:

  •  преку увид директно во просториите на депозитарот на работна станица или
  •  преку копија на акционерска книга што може да ја користи сопственикот надвор од просториите на Депозитарот.

За овозможување на увид во Депозитарот, лицето претходно поднесува барање, лично или преку полномошник во просториите на Депозитарот.

Извештаите што ги изготвува Депозитарот за увид во акционерските книги, се во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За извршениот увид се уплатува надомест согласно со тарифни броеви 4.13 или 4.14.