Издавање извод од сметка

За издавање извод од сметката за хартии од вредност се доставува:

  • За физички лица (ако лицето е лично присутно во Депозитарот):

            1. Лична карта/пасош и

            2. Доказ за уплата на надоместок од 295,00 денари за издавање на изводот

               (уплатница).

  • За правни лица (ако претставник на правното лице е присутен во Депозитарот)

            1. Овластување издадено од овластено лице на правното лице и

            2. Доказ за уплата на надоместок од 295,00 денари за издавање на изводот

               (уплатница).

Ако барањето за извод од сметка се доставува преку пошта, барањето со приложен доказ за уплата на соодветниот надомест во износ од 295,00 денари (тарифен број 4.17) се доставува на адреса на Депозитарот, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, Скопје

Доколку Изводот е потребно да биде издаден со постар датум (датум пред поднесување на барањето), во тој случај надоместокот изнесува 413,00 денари (тарифен број 4.18).

 

Барање за (не)поседување ХОВ физичко лице

Барање за (не)поседување ХОВ правно лице

Барање за (не)поседување ХОВ физичко лице преку овластено лице

Барање за (не)поседување ХОВ физичко лице - за починато лице

 

Уплатни сметки на ЦДХВ