Меѓународна соработка
Меморандум за соработка со турскиот депозитар за хартии од вредност
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и турскиот депозитар за хартии од вредност (Merkezi Kayıt Kuruluşu A.Ş. МКК), на 26.9.2014 година, потпишаа Меморандум за соработка.
Целта на Меморандумот за соработка е интензивирање на соработката на двете институции во сферата на размена на информации и искуства поврзани со порамнувањето на трансакциите со хартиите од вредност, водењето на регистарот на хартии од вредност, а во функција на развој на финансиските пазари во Република Северна Македонија и Турција.