Посредување во издавање на LEI број
Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) е 20-цифрен алфа-нумерички код базиран на ISO стандардот број 17442 развиен од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Овој код се поврзува со клучните податоци кои овозможуваат прецизно и единствено идентификување на правните субјекти кои имаат учество во финансиски трансакции. Едноставно кажано, јавно достапната база на податоци за LEI кодови може да се смета како глобален регистар за LEI, кој дополнително би ја зголемило транспарентноста на глобалниот пазар.
Во моментов за тргување со финансиски инструменти во Република Северна Македонија не е задолжително поседување на овој код.
Но, употребата на LEI е наложена од страна на Европската регулаторна институција, надлежна за надзор и усогласеност во работењето со хартиите од вредност и финансиските пазари (ESMA-European Securities and Markets Authority), со цел да се врши известување за трансакциите поврзани со тргувањето со деривативи до овластените депозитари на деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер, согласно Европската регулатива за пазарна инфраструктура (European Market Infrastructure Regulation-EMIR), надлежна за супервизија на тргувањето со финансиски деривативи кое не се одвива на официјален пазар.
Според регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот, операторите се обврзани да обезбедат LEI код за секој издавач на хартии од вредност кои се предмет на тргување. Брокерските куќи ќе бидат обврзани да обезбедат LEI код за своите клиенти кои ги исполнуваат условите за LEI и чии хартии од вредност се предмет на тргување, во спротивно ваквите трговски трансакции нема да бидат спроведени.
Дополнително, задолжителното поседување на ЛЕИ број за правните лица е веќе утврдено со неколку ЕУ регулативи и директиви, како што се:
- Европска регулатива за пазарна инфраструктура (European Markets Infrastructure Regulation-EMIR) – клириншки куќи, членки на клириншки куќи и договорни страни на договорите за тргување со деривативи
- Регулатива за спречување на злоупотреба на пазарот (Market Abuse Regulation-MAR) – издавачи на финансиски инструменти, ентитети вклучени во сомнителни трансакции
- Регулатива за адекватност на капиталот (Capital requirements regulation-CRR) – кредитни и финансиски институции
- Директива за приватните (алтернативни) инвестициски фондови (Alternative Investment Funds Directive (AIFMD) – инвестициски фондови и менаџери на инвестициски фондови
- Регулатива за кредитни рејтинг агенции (Credit Rating Agency Regulation-CRAR) – кредитни рејтинг агенциии и рангирани ентитети
- Регулатива за солвентност ( Solvency II) – пензиски фондови и осигурителни компании
- Регулатива за Централни депозитари за хартии од вредност ( Centrral Securities Depositories Regulation – CSDR) – Централни депозитари и членки на депозитарите
- Директива за транспарентност (Transparency Directive) – издавачи на финансиски инструменти на официјални пазари
- Регулатива за финансиски трансакции поврзани со хартиите од вредност ( Securities financing transactions regulation SFTR) – субјекти вклучени во трансакциите поврзани со хартиите од вредност и корисниците и имателите на правата и обврските кои произлегуваат од истите
- Регулатива за издавање на проспект за ХВ (Prospectus Regulation) – издавачи на хартии од вредност кои се понудени на јавноста преку официјален пазар за ХВ кој се наоѓа или дејствува во рамките на ЕУ
- Директива за пазари на финансиски инструменти / Регулатива за пазари на финансиски инструменти(Markets in financial instruments Directive II – MiFID II/Markets in financial instruments regulation)
Задолжителното поседување на LEI број се бара или е во процес на имплементација од страна на други регулаторни тела, вклучувајќи ги тие во САД, Канада и Азија.
ЦДХВ има улога на посредник и помага во воспоставувањето на комуникацијата на KDD Slovenija (акредитиран за издавач на LEI код) со правните лица кои имаат обезбедено или сакаат да обезбедат, да извршат пренос на друго правно лице или да располагаат со LEI код.
Доколку имате потреба од доделување на LEI код потребно е да се обратите до ЦДХВ (тел. 023299800).
За добивање на кодот потребно е да ја пополните апликацијата која е достапна на следниот линк и истата во скенирана форма да ја доставите на следната маил адреса cdhv.lei@cdhv.mk. Кон апликацијата треба да биде приложена и тековна состојба на правното лице со датум на издавање не постар од еден месец. Доколку не сте во можност да доставите документи по електронска пошта, истите може да се достават и по редовна пошта или во просториите на ЦДХВ.
Апликацијата треба да биде потпишана од страна на законскиот застапник на правното лице (управител, извршен директор, и сл. во зависност од статусната форма на правното лице). Доколку апликацијата ја потпишал полномошник, правното лице треба да приложи и соодветно адвокатско или нотарски заверено пономошно.
Во поднесената документација задолжително треба да има податоци за контакт лице – од правното лице или вработено лице во ЦДХВ, и за законскиот застапник на правното лице.
За услугата за издавање на LEI кодот, KDD Slovenija наплатува надоместок со испоставување фактура до правното лице, а за посредување при издавањето врз основа на Договорот со KDD, наплатува и ЦДХВ. Максималнот износ на надоместот не може да надмине повеќе од 120 евра за издавање на LEI кодот со вклучен ДДВ. Надоместот за годишно одржување не надминува 80 евра со вклучен ДДВ.
Повеќе за LEI кодот може да прочитате на следниот линк.