Рекламирај се на ЦДХВ
Општи услови за комерцијално огласување преку web страницата на
Централен Депозитар за Хартии од вредност АД Скопје
Централниот Депозитар за Хартии од Вредност АД Скопје нуди можност за рекламирање на трговските друштва заинтересирани за рекламирање преку web страницата на Депозитарот.
На заинтересираните компании за рекламирање на интернет страницата на ЦДХВ нудиме вкупно 4 позиции за рекламирање.
Централниот Депозитар за Хартии од вредност АД Скопје го задржува правото да одбере со која компанија ќе склучи договор за откуп на рекламен простор, земајќи ја предвид дејноста на компанијата и видот на рекламата.
1. Простор за комерцијално огласување
1.1 Централниот Депозитар за Хартии од вредност АД Скопје нуди дел од просторот на својата интернет страница со адреса www.cdhv.org.mk и www.cdhv.mk за комерцијално огласување преку објавување на комерцијални огласи на однапред дефинирани позиции на интернет страницата (во понатамошниот дел: простор за комерцијално огласување)
1.2 ЦДХВ нуди комерцијално огласување на својата интернет страница исклучиво во рамките на просторот за комерцијално огласување.
1.3 ЦДХВ нуди вкупно 4 позиции за комерцијално огласување на сите заинтересирани корисници, при што позициите се појавуваат на сите страници на интернет страницата на ЦДХВ.
1.4 Просторот за комерцијално огласување претставува посебен дел од интернет страницата на ЦДХВ и истиот е целосно издвоен и не претставува составен дел на информатичкиот систем на ЦДХВ на интернет страницата на ЦДХВ.
2. Комерцијални услови за рекламирање
2.1 Централниот Депозитар за Хартии од вредност АД Скопје нуди комерцијално огласување на својата интернет страница под соодветни комерцијални услови, во согласност со цените за откуп на простор за комерцијално огласување и останатите правила утврдени во овие Општи услови, со што се обезбедува еднаков и недискриминирачки третман на сите корисници на комерцијално огласување на официјалната интернет страница на ЦДХВ.
2.2 Позициите за комерцијално огласување и цените за откуп на простор за комерцијално огласување на официјалната интернет страница на ЦДХВ се следните
ЦЕНОВНИК ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ
Опис
|
Позиција
|
Страна
|
Цена €/
месечно
|
Страничен банер
|
1
|
сите страни
|
400
|
Страничен банер
|
2
|
сите страни
|
350
|
Страничен банер
|
3
|
сите страни
|
300
|
Футер банер
|
4
|
сите страни
|
250
|
Цените се без вклучен ДДВ и истите ќе бидат изразени во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на уплатата
3. Критериуми за рекламирање
3.1 На интернет страницата на ЦДХВ не можат да се рекламираат правни лица чијашто дејност, активности и/или услуги не соодветствуваат со дејноста, добриот углед и корпоративниот имиџ на ЦДХВ и/или би можеле штетно да влијаат на интегритетот на пазарот на хартии од вредност во целина.
3.2 На интернет страницата на ЦДХВ не можат да се објавуваат комерцијални огласи чијашто содржина и/или графички приказ не соодветствуваат со дејноста, добриот углед и корпоративниот имиџ на ЦДХВ и/или би можеле штетно да влијаат на интегритетот на пазарот на хартии од вредност во целина.
3.3 На интернет страницата на ЦДХВ не можат да се објавуваат комерцијални огласи коишто содржат какви било невистинити, неточни или нецелосни факти коишто би можеле да создадат погрешна претстава кај инвеститорите на пазарот на хартии од вредност за било кои состојби поврзани со пазарот на хартии од вредност, коишто би можеле да ги наведуваат инвеститорите на погрешни заклучоци и судови за било кои состојби поврзани со пазарот на хартии од вредност и/или на било кој друг начин би можеле да го нарушат интегритетот на пазарот на хартии од вредност.
3.4 ЦДХВ го задржува правото самостојно да процени дали е исполнет некој од условите наведени во точка 3.1, 3.2 и/или 3.3 од овие Општи услови.
3.5 Доколку ЦДХВ процени дека е исполнет некој од условите наведени во точка 3.1, 3.2 и/или 3.3, ЦДХВ го задржува правото:
- да одбие да склучи договор за закуп на простор за комерцијално огласување на својата интернет страница;
- да отстрани веќе поставен комерцијален оглас во просторот за комерцијално огласување на својата интернет страница.
3.6 Правото на првенство при склучување на договорите за комерцијално огласување со заинтересирани страни ќе им биде дадено на заинтересираните страни чии договори се со временски приоритет.