Промена на податоци
Промена на име и презиме, адреса, односно назив или седиште на имателот на сметка на хартии од вредност
Доколку имателот е евидентиран во системот на ЦДХВ, а настанала промена во името и презимето, адресата, односно називот, или седиштето на субјектот се доставуваат следните документи:
За физички лица:
Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице) заедно со копија од важечки идентификационен документ (лична карта или пасош).
Доколку Апликацијата заедно со копијата од идентификационен документ се доставува по пошта, истата треба да е заверена на нотар.
*Со копијата од идентификациски документ се постапува на начин уреден со Законот за лична карта
За правни лица:
Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (правно лице)потпишана од законскиот застапник на субјектот, заедно со приложена Тековна состојба од ЦРРСМ издадена во оригинал, заверена на нотар, или потпишана со дигитален сертификат, не постара од 30 дена.
Странските правни лица доставуваат еквивалент на тековна состојба заверена од надлежен орган согласно прописите на државата на потекло, преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач.
Преку членка на Депозитарот:
За целите на ажурирање на податоците на имател на сметка за хартии од вредност, идентификацијата може да ја врши и членка на ЦДХВ, која пополнетата и потпишана Апликација од имателот на сметка, ја доставува заверена од страна на членката со приложена копија од документ за идентификација на имателот на сметка (копија од лична карта/пасош, односно тековна состојба за правни лица)
*Со копијата од идентификациски документ се постапува на начин уреден со Законот за лична карта
Промена на податоци за ЕМБГ за домашни физички лица
Ако имателот е евидентиран во системот на ЦДХВ, а настанала промена во податоците за ЕМБГ на имателот на сметка на хартии од вредност што е домашно физичко лице, заради упис на промената се доставуваат следниве документи:
Доколку барањето се доставува лично, во ЦДХВ се поднесува:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице) и со прилог копија од важечки идентификационен документ (лична карта или пасош) и
- Решение издадено од Министерството за внатрешни работи во оригинал или нотарски заверена копија.
Доколку барањето се доставува по пошта, се поднесува Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице) заверена од нотар, со прилог:
- фотокопија од важечки идентификациски документ (лична карта или пасош) и
- решение издадено од Министерството за внатрешни работи во оригинал или нотарски заверена копија.
Корекција на грешки на идентификациски податоци евидентирани на сметката на хартии од вредност
- Корекцијата на грешки евидентирани на сметката на хартии од вредност се спроведува на барање доставено од имателот на отворената сметка за хартии од вредност кон кое се приложува соодветна документација со која се докажува евидентираната грешка во ЦДХВ.
- При доставено барање директно до ЦДХВ, барателот презентира документ за лична идентификација (пасош, лична карта или ако се работи за правно лице извод од матичниот регистар на правното лице не постар од три месеци во оригинал или заверена копија) и се пополнува барање за корекција на грешка во ЦДХВ (со согласност за задржување на копија од идентификациски документ за физички лица). ЦДХВ задржува копија од идентификацискиот документ, а од изводот од регистарот на правни лица го задржува оригиналот или заверената копија.
- Ако барањето за корекција на грешка е доставено по пошта, истото се доставува со прилог документација (во оригинал или заверен препис на нотар) од која може да се констатира грешката.
- Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РСМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, при отворање на сметка, како и при ажурирање на податоците, задолжително се доставува пополнета и потпишана:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице)
- Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РСМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, при отворање на сметка, како и при ажурирање на податоците, задолжително се доставува пополнета и потпишана:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (правно лице)
Промена на податоци во случај на двојно државјанство или истечен рок на важност на пасош кај странски физички лица
Со оглед дека согласно со Законот за хартии од вредност едно лице може да поседува само една сопственичка сметка за хартии од вредност, следниве иматели на хартии од вредност треба да го известат ЦДХВ заради ажурирање на личните податоци:
1. Имателите на хартии од вредност што веќе имаат сопственичка сметка на хартии од вредност во ЦДХВ, а поради истечена важност или друга промена во идентификациските податоци треба да отворат нова сопственичка сметка.
2. Имателите на хартии од вредност што поради поседување на двојно државјанство, веќе имаат две сопственички сметки во ЦДХВ со различни идентификациски податоци.
Притоа, во гореспоменатите случаи потребно е имателот на хартии од вредност да достави докази од кои ќе се утврди дека станува збор за истото лице, кои ако се доставуваат по пошта треба да бидат заверени на нотар.
- Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РСМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, при отворање на сметка, како и при ажурирање на податоците, задолжително се доставува пополнета и потпишана:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице)