Пренос на хартии од вредност преку подарок
За спроведување на нетрговски пренос на хартии од вредност врз основа на подарок до ЦДХВ се доставува следнава документација:
- Договор за подарок што ќе ги содржи сите податоци неопходни за идентификување на страните и предметот на подарок, заверен во потписите од нотар и заверка од надлежен орган за јавни приходи дека за преносот на хартиите од вредност врз основа на подарокот е платен данок, односно дека тој е ослободен од данок.
- Уплата на надомест согласно со Тарифата на ЦДХВ.
- Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РСМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, при отворање на сметка, како и при ажурирање на податоците, задолжително се доставува пополнета и потпишана:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице)
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (правно лице)
Ако наследникот нема отворено сметка за хартии од вредност во ЦДХВ, потребно е да поднесе и документација за отворање сметка за хартии од вредност дадена на следниов линк.
Депозитарот го задржува правото да побара и дополнителна документација со цел идентификација на вистинскиот сопственик на клиентот согласно важечката регулатива.