Антигона Буклеска Младеновиќ

Родена е  во Скопје, 1972 година, каде го завршува средното и високото образование на Економскиот факултет при УКИМ.

Професионалната кариера во областа на финансиите и банкарството ja започнува во 2003 година во Комерцијална банка АД Скопје, во Секторот за ликвидност и финансиски пазари. Во рамките на овој Сектор, од март 2008 до февруари 2019 година е директор на Дирекцијата за вршење старателски работи, а од март 2019 до февруари 2021 година е директор на Дирекцијата за ликвидност и позадински работи.

Од март 2021 година ја извршува функцијата директор на Секторот за ликвидност и финансиски пазар во Комерцијална банка АД Скопје.

Во периодот јануари 2006-октомври 2007 година, е ангажирана во активностите за основање и започнување со работа на придруженото друштво на Банката, КБ Прво Пензиско друштво АД Скопје.

Поседува Сертификат за работа со хартии од вредност и Уверение за инвестициски советник, издадени од Комисијата за хартии од вредност.

Во период од април 2011 година до октомври 2018 година, во два мандати, ја извршува функцијата Претседател и неизвршен член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Од јануари 2023 година, назначена е за Претседавач на Комисијата за ликвидност при Македонската банкарска асоцијација, со мандат од четири години.