Зоран Петровски

Зоран Петровски има речиси две децении професионално искуство во банкарскиот и финансискиот сектор, со изразена специјализација во корпоративно банкарство, проектно финансирање и финансиски пазари. Во текот на својата кариера извршувал бројни раководни функции поврзани со развој на деловни стратегии, управување со клиенти и структуирање на комплексни финансиски трансакции.

Во 2024 година е назначен за Директор на Дирекцијата за тргување и финансиски пазари во Шпаркасе Банка АД Скопје. Во оваа улога раководи со критичните функции за управување со ликвидноста, активностите на девизниот пазар и тргувањето со финансиски инструменти. Исто така е одговорен за работењето на брокерскипот оддел, како и за старателските и услугите на депозитарна банка, што вклучува усогласеност со регулаторни стандарди, управување со ризици и поддршка на инфраструктурата на пазарот на капитал.

Претходно раководел со Одделот за проектно финансирање, со фокус на инвестиции во обновливи извори на енергија, финасирање на развој на недвижности и крупни корпоративни и инфраструктурни проекти. Неговото искуство во корпоративното банкарство вклучува долгогодишна соработка со водечки домашни и меѓународни компании, што дополнително го зацврстува неговото разбирање на динамиката на финансиските пазари.

Во 2025 година е избран за неизвршен член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, каде што придонесува во областите на пазарната инфраструктура, системите за управување со ризици и континуираното унапредување на капиталниот пазар.

Зоран Петровски е магистер по бизнис администрација (MBA) од Универзитетот во Шефилд, и дипломиран економист од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.