Иван Штериев
Иван Штериев – Иван Штериев е Престедател на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје и Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Учествувал во тимот којшто работел на основање на Берзата во Република Македонија во 1996 година. Работи во Берзата од нејзиното основање, најпрвин како Floor manager, а потоа како Директор на Секторот за тргување до 2005 година. Учествувал во бројни работни групи одговорни за изготвување закони и прописи поврзани со македонскиот пазар на капитал. Учествувал во тимот којшто бил одговорен за формирање на Централниот депозитар за хартии од вредност и бил член на првиот Одбор на директори на ЦДХВ. Исто така, бил и член на Комисијата за хартии од вредност. Иван Штериев е член на Надзорниот одбор на СЕЕ ЛИНК – компанија во заедничка сопственост на берзите од Хрватска, Бугарија и Македонија. Редовно учествува како говорник на бројни домашни и меѓународни конференции на теми поврзани со пазарите на капитал, а има објавено и голем број стручни написи и трудови поврзани со оваа проблематика.