Новости

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

Почитувани клиенти на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје,

Ве известуваме дека согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, Депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти.

Мерките се состојат во следното:

Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ СТРАНКИ

Акционерските друштва кои од различни причини нема да се приклучат на Дистрибутивниот систем на Депозитарот за самостојно да генерираат акционерски книги или други извештаи, ќе можат тоа да го сторат по електронски пат само ако ја следат следната постапка:

Иницијалното барање за електронска комуникација со Депозитарот и доставување на барањата и добивање на извештаите по електронска пошта, издавачите мораат писмено да го достават по пошта, и задолжително треба да содржи информации за контакт лицето овластено да ги испраќа барањата и прима извештаите како и за неговата адреса на електронска пошта. Овластеното лице задолжително мора да поседува квалификуван сертификат наменет за лично користење за професионални цели издаден од овластен издавач на сертификати во РСМ.

Прием на скенирани барања за акционерски книги или други извештаи се врши на адресите: anastasovskid@cdhv.mk за Драган Анастасовски (071 224 707) и paneva@cdhv.mk за Антонио Панев (071 239 835), лица вработени во Дирекцијата за деловни операции кои издаваат извештаи на издавачите.
Пред да бидат скенирани и испратени до наведените лица, барањата треба да се потпишани од страна на овластено лице на издавачите и соодветно заверени (задолжително да содржат архивски број и службен печат на друштвото).
Во барањето треба да се содржани следните податоци:

- вид на извештај кој се бара (акционерска книга или друг извештај),

- во каков формат да биде извештајот (ексел или друг формат),

- дали е потребно извештајот да биде заверен со електронски потпис од страна на депозитарот и

- со состојба на кој датум или за кој период да биде извештајот.

Депозитарот ќе ги прифаќа само барањата од издавачи кои се потпишани со квалификуван сертификат наменет за лично користење за професионални цели издаден од овластен издавач на сертификати во РСМ. При размената на јавните клучеви помеѓу вработените во Депозитарот одговорни за издавање на извештаите и клиентите кои имаат потреба од користење на услугите на Депозитарот, како и при размената на податоците ќе се применува високо ниво на технички и организациски мерки за заштита на податоците, енкрипција и дигитално потпишување. Доколку клиентите не поседуваат ваков сертификат со кој ќе може да се утврди идентитетот на барателот, истиот се упатува да се приклучи на Дистрибутивниот систем на Депозитарот за самостојно да генерира извештаи.

Извештаите кои се генерираат преку Дистрибутивниот систем и се доставуваат по електронска пошта до издавачите, се наплатуваат согласно тарифните ставки од Тарифата на Депозитарот кои се однесуваат на генерирање на извештаи преку Дистрибутивниот систем.
Препорачуваме барањата да бидат доставувани еден ден пред датумот на состојбата на извештајот кој се бара

Депозитарот ќе ги доставува акционерските книги исклучиво во електронска форма, верификувани со електронски потпис и временски жиг, кој согласно Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис има иста важност и доказна сила како и потписот на документ издаден во хартиена форма. Друштвата можат да побараат и извештаи кои се од информативна природа, кои нема да содржат електронски потпис.

За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800.

За останатите клиенти на Депозитарот:

Изводи од сметки и Потврди за не/поседување на хартии од вредност, издавање на останати извештаи, спроведување на налози, оставински решенија, договори за подарок и договори за отстапување на имот за време на живот, отворање и ажурирање на сметки за хартии од вредност, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ И СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА, на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

Во барањето потребно е да се наведе:

Идентификациони и адресни податоци за подносителот на барањето
Целта за поднесување на барањето,
Документацијата што се приложува кон Барањето (доколку е предвидена),
Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)
Доколку е предвидено, доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот Надоместоци на било која од банковните сметки наведени во делот Банковни сметки.

Повратен одговор Депозитарот ќе достави по пошта.

Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk, во делот Услуги за сопственици на ХВ.

За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата cdhv@cdhv.mk .