Новости

Согласно склучен договор со ОКТА АД Скопје како издавач на хартии од вредност за обезбедување на дополнителни услуги за издавачите, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, на 26.07.2021 година спроведе постапка на пресметка и исплата на дивиденда за акционерите на ова акционерско друштво. Согласно законските прописи, за акционерите кои дополнително ќе достават податоци за банковна сметка, Депозитарот ќе изврши пресметка и исплата на дивиденда заклучно со 30.09. 2021г.