Новости

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, согласно член 32 став 2) од Законот за хартии од вредност, за издавачите на хартии од вредност, како дополнителна услуга може да врши пресметка и исплата на дивиденда и/или камата, за што Депозитарот склучува договор со издавачот. Акционерите на издавачите кои исплатуваат дивиденда преку Депозитарот, потребно е до Депозитарот да достават податок за платежна сметка во банка, преку која ќе се врши исплатата на дивидентата. Ажурирањето на овој податок Депозитарот ќе го изврши врз основа на пополнет Образец од страна на акционерот и доставен во писарницата на Депозитарот, или испратен по пошта на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, П.Фах. 274, Скопје.