Новости

Државната комисија за спречување на корупцијата, за потребите на своето надлежно постапување, од Централниот депозитар за хартии од вредност ќе добива податоци во електронска форма.

Оваа соработка е овозможена со договорот за размена на податоци и соработка склучен на 26.07.2023 година, помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од претседателката Билјана Ивановска и Централниот депозитар за хартии од вредност, претставуван од извршниот директор Даринка Дамјановиќ.

Со потпишувањето на договорот ќе се овозможи Државната комисија да прибавува потребни податоци со кои располага Централниот депозитар за хартии од вредност во електронска форма без да доставува писмени барања, што ќе придонесе  во зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на законските надлежности на двете институции.