Новости
На 22.12.2023 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година и нивни професори од Средното училиште “ЦАР САМОИЛ“ од Ресен.
Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност, доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија и сл.