Новости
Ве известуваме дека врз основа на Одлуката бр.02-3242/4 донесена на 18.09.2024 година од страна на Одборот на директори на Депозитарот, Халк Банка АД Скопје е примена во членство во Депозитарот, во својство на берзански посредник и членка-чувар.
За датумот на започнување со функционирање на Халк Банка АД Скопје како берзански посредник ќе следи дополнително известување.