Македонската берза доби плакета од Централниот депозитар за хартии од вредност

Депозитарот и Берзата, како инфраструктурни институции на македонскиот пазар на капитал, од самото нивно основање па сè до денес, се карактеризираат со висок степен на интероператибилност во повеќе сфери, што е предуслов за ефикасно функционирање на модерните пазари на капитал.
Имајќи ги предвид регионалните трендови и потребата од развој на софистицирани технолошки решенија, последните години се одбележани со интензивна соработка помеѓу двете институции, особено во доменот на информатичката технологија. Оваа соработка  има за цел постигнување на  оптимална  консолидираност на трговската и пост-трговската инфраструктура што придонесува системите на Депозитарот и Берзата да бидат поефикасни, а учесниците на пазарот на капитал да добиваат квалитети услуги како бенефит од ова засилено координирано дејствување.