Отварање на сметка за хартии од вредност
Сметка за хартии од вредност може да се отвори преку Депозитарот или преку брокерски куќи или банки овластени за работа со хартии од вредност (членки на Депозитарот) каде што се пополнува потребниот формулар.
Ако сметка се отвора преку Депозитарот, потребни се следниве документи:
- Копија од лична карта* ‒ за домашни физички лица, а за странски од важечки пасош или од Тековна состојба издадена од Централниот регистар ‒ Трговскиот регистар и регистар на други правни лица – за правни лица (за странски правни лица се поднесува извод/тековна состојба од матичен регистар).
- Согласно Одлука на Комисијата за хартии од вредност на РСМ бр. 08-102/1 од 18.01.2019 година, при отворање на сметка, како и при ажурирање на податоците, задолжително се доставува пополнета и потпишана:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице)
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (правно лице)
* Ако подносителот не ја поднесува документацијата лично (пошта, полномошник) согласно со Законот за спречување на перење на пари, а за целите на идентификација, неопходно е да се достави копија од лична карта заверена на нотар.
Депозитарот го задржува правото да побара и дополнителна документација со цел идентификација на вистинскиот сопственик на клиентот согласно важечката регулатива.