10.04.2019
Врз основа на претходно поднесени Барања, а согласно одлуките на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје од 05.04.2019 година, во ОТЦ членство во Депозитарот се примени следните банки:
- ТТК АД Скопје.
- Силк Роуд банка АД Скопје.
- Капитал банка АД Скопје.
- Охридска банка АД Скопје.
- Универзална инвестициона банка АД Скопје.
- Еуростандард банка АД Скопје.
- Про Кредит банка АД Скопје.
10.04.2019
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и оваа година се приклучува на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму).
Оваа година, како дел од иницијативата за ширење на добри дела, одлучивме да помогнеме на дванаесетчленото семејство од село Русиново, Беровско, чија куќа беше целосно опожарена во Март оваа година.
Ја проследуваме поканата на Inner Wheel Club Skopje Europea на 14 април (недела) на Школка во Градски парк од 10:30 - 14 часот заедно да го одбележиме април, месецот посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела.
Линк за настанот: 👉https://www.facebook.com/events/415157632384576/
28.03.2019
Ве известуваме дека започнувајќи од понеделник, 1 април 2019 година, приемно време за работа со странки во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е секој работен ден, од понеделник до петок, во период помеѓу 09-14.30 часот.