Објави (вести)

15.05.2019



Врз основа на претходно поднесени Барања, а согласно одлуките на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје од 10.05.2019 година, во членство во Депозитарот се примени следните банки:

  1. Комерцијална АД Скопје (членка-чувар и ОТЦ членка).
  2. Стопанска банка АД Скопје (членка-чувар и ОТЦ членка).
  3. Шпаркасе банка Македонија АД Скопје(членка-чувар и ОТЦ членка).
  4. НЛБ банка АД Скопје (членка-чувар и ОТЦ членка)..
  5. Стопанска банка АД Битола (ОТЦ членка, само за инструменти на пазарот на пари).

10.04.2019



Врз основа на претходно поднесени Барања, а согласно одлуките на Одборот на директори на ЦДХВ АД Скопје од 05.04.2019 година, во ОТЦ членство во Депозитарот се примени следните банки:

  1. ТТК АД Скопје.
  2. Силк Роуд банка АД Скопје.
  3. Капитал банка АД Скопје.
  4. Охридска банка АД Скопје.
  5. Универзална инвестициона банка АД Скопје.
  6. Еуростандард банка АД Скопје.
  7. Про Кредит банка АД Скопје.

10.04.2019



Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и оваа година се приклучува на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму).

Оваа година, како дел од иницијативата за ширење на добри дела, одлучивме да помогнеме на дванаесетчленото семејство од село Русиново, Беровско, чија куќа беше целосно опожарена во Март оваа година.

Ја проследуваме поканата на Inner Wheel Club Skopje Europea на 14 април (недела) на Школка во Градски парк од 10:30 - 14 часот заедно да го одбележиме април, месецот посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела.

Линк за настанот: 👉https://www.facebook.com/events/415157632384576/