Објави (вести)

04.01.2017



Доставување акционерски книги - 

Ги известуваме издавачите на хартии од вредност евидентирани во базата на податоци на Депозитарот дека во текот на месец јануари 2017 година Депозитарот ќе врши бесплатно доставување на акционерски книги со состојба на ден 31.12.2016 година до издавачите, согласно точка 6.2 од Правилата за работа на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Акционерски книги ќе бидат доставени до издавачите кои имаат активен статус согласно Правилата за работа на ЦДХВ и кои ги намириле обврските по основ на годишен надомест за водење на издадените хартии од вредност за претходната година.

Во насока на обезбедување на заштита на личните податоци на акционерите, акционерските книги ќе се доставуваат како заштитени (криптирани) документи. Дополнително ќе бидат доставени инструкции за декриптирање на документот.

Доставувањето на акционерските книги и инструкциите за декриптирање ќе се врши на адресата која издавачот на хартиите од вредност ја има пријавено во Депозитарот. Доколку кај некои од издавачите на хартии од вредност се настанати промени во адресата на друштвото кои не се пријавени во Депозитарот, ве молиме во најкраток можен рок до Депозитарот да доставите нови ажурирани адресни податоци.

Депозитарот ги повикува издавачите на акции кои ги немаат намирено своите обврски по основ на годишен надомест за водење на издадените хартии од вредност за претходната 2016 година да ги намират истите во најкраток можен рок, со што и за овие издавачи на акции ќе биде извршена дистрибуција на бесплатните акционерски книги со состојба на ден 31.12.2016 година.


29.11.2016



Почитувани клиенти,

Согласно донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 30.11.2016 година (среда) е неработен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.


07.09.2016



На ден 06.09.2016 год., согласно доставената документација од страна на МЖ ТРАНСПОРТ АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ трета емисија преку приватна понуда УП 1 број 10-12 од 22.02.2016, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 302.295 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 9.269.172.000 МКД и е поделена на 9.269.172 обични акции со номинална вредност од 1.000 МКД за една акција.