Објави (вести)

12.01.2018



ЦДХВ АД Скопје ги известува своите клиенти дека е склучен Договор со “KDD – Centralna klirinško depotna družba d.d.” од Република Словенија за посредување во издавање на LEI (Legal Entity Identifier) број. ЦДХВ ќе започне со извршување на услугата од 01.01.2018 година. Прочитај повеќе.

За повеќе информации во врска со услугата можете да се обратите и на тел. број 02/3299800.


22.09.2017



Соопштение за јавност

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е една од клучните институции на пазарот на капитал во Република Македонија на која една од основните функции е да ја гарантира сопственоста над хартиите од вредност и правата кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност.

Депозитарот 16 години континуирано придонесува за стабилноста и развојот на пазар на капитал, применувајќи во своето работење високи стандарди со цел да придонесе кон одржување на интегритетот на пазарот, а воедно и да ги заштити интересите на сите сопственици на хартии од вредност.

Депозитарот, неговите органи на управување и вработените во рамките на севкупното свое работење строго се придржуваат до начелото на законитост и еднаквост на сите корисници на неговите услуги.

Во таа насока, со оваа Соопштение ја известуваме јавноста, во врска со скорешните изнесени информации поврзани со преземање на акционерските друштва дека во сите постапки на преземање  Депозитарот постапува во границите на неговите овластувања пропишани со Законот за преземање на акционерските друштва.

Ја користиме приликата да ја честитаме јубилејната 70-та годишнина од работењето на компанијата нагласувајќи ја постојано коректната и успешна соработка на Депозитарот со Макпетрол АД Скопје.

Централен депозитар за хартии
од вредност АД Скопје


05.04.2017



Меѓународна соработка - На 29-ти и 30-ти март 2017 година во Будимпешта, Унгарија,  се одржа 12- тиот годишен Светски Берзански Конгрес.  Повеќе од една деценија, Светскиот Берзански Конгрес ја соединува глобалната берзанска заедница за дискусии во однос на стратегиите, можностите и предизвиците со кои се соочува  финансиската индустрија. Оваа година, на Светскиот Берзански Конгрес беа присутни повеќе од 200 лидери од индустријата на хартии од вредност од повеќе од 60 држави.

Извршниот директор на Централниот Депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Г-ѓа Елена Јакимовска Петровска, имаше чест да биде модератор на тркалезната маса со наслов „Улогата на пост-трговските инфраструктури во 2017“, и панелист во дискусијата „Што треба пост-трговските инфраструктури да сторат за да помогнат во развој на пазарите“.

Конгресот се фокусираше на најкритичните идни трендови кои ги засегаат пазарите за хартии од вредност, и поради тоа, беше голема можност за ЦДХВ АД Скопје да биде дел од дискусиите, од кои се очекува да го променат изгледот на пазарите на хартии од вредност во идниот период, а неговите чинители и инфраструктурните институции да се подготват за идните предизвици.