Нова тарифа
Почитувани корисници на услугите на ЦДХВ АД Скопје,
Ве известуваме дека започнувајќи од 28.04.2022 година ќе се применува новата Тарифа.
Актот е достапен на следниот линк
Се укинува забраната за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово
Владата на РСМ ја укинува забраната за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово кои своите девизни влогови ги штеделе во банки со седиште на територијата на РСМ и филијали на банки на територијата на РСМ чие седиште било во бившите републики на СФРЈ, воведена по основ на реципроцитет и го задолжи Министерството за финансии во Буџетот на РСМ за 2022 година да обезбеди средства за исплатување на депонираните девизни штедни влогови на државјани на Србија и Косово. Прочитајте повеќе...
14.10.2021
Македонската берза доби плакета од Централниот депозитар за хартии од вредност.
Депозитарот и Берзата, како инфраструктурни институции на македонскиот пазар на капитал, од самото нивно основање па сè до денес, се карактеризираат со висок степен на интероператибилност во повеќе сфери, што е предуслов за ефикасно функционирање на модерните пазари на капитал.
прочитај повеќе...