Објави (вести)

10.12.2014



Согласно Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно донесениот заклучок на Владата на Република Македонија за одработување на неработниот ден 03.12.2014 година (среда) на 13.12.2014 година (сабота), Ве известуваме дека 13.12.2014 година е работен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Истовремено, Ве известуваме дека на 13.12.2014 година системот на ЦДХВ ќе биде отворен за работа на членките на Депозитарот и за порамнување на трговски трансакции со хартии од вредност.


28.11.2014



Согласно донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 03.12.2014 година (среда) е неработен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.


26.09.2014



Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и турскиот депозитар за хартии од вредност (Merkezi Kayıt Kuruluşu A.Ş. МКК), на 26.09.2014 година, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка има за цел интензивирање на соработката на двете институции во сферата на размена на информации и искуства поврзани со порамнувањето на трансакции со хартии од вредност, водењето на регистарот на хартии од вредост,  а во функција на развој на финансиските пазари во Македонија и Турција.