Објави (вести)

10.10.2013



Согласно применото Решение на ден 09.10.2013 година од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Бр. УП1 08-132 година со кое ТРАЈНО СЕ ОДЗЕМА  дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мој брокер АД Скопје, на 10.10.2013 година Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје трајно ја исклучи оваа брокерска куќа од членство.


10.07.2013



Постапувајќи по Известувањето за престанок на вршење на работи со хартии од вредност бр. 08-5987 од 20.06.2013 година доставено од Централна кооперативна банка АД Скопје,  Одлукатата за престанок на членство донесена од Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 05.07.2013 година и  Решението на  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за трајно одземање на дозволата за работа со хартии од вредност бр. УП 08-111 од 02.07.2013 година, Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 09.07.2013 година трајно ја исклучи од членство Централна кооперативна банка АД Скопје.


01.06.2013



Во ЦДХВ е извршена пресметка, а од страна на Министерство за Финансии на РМ е иплатена рата и камата на издадените обврзници за денационализација и тоа:

- прва рата и прва камата за денационализација 11. емисија.

- втора рата и втора камата за денационализација 10. емисија.

- трета рата и трета камата за денационализација 9. емисија.

- четврта рата и четврта камата за денационализација 8. емисија.

- петта рата и петта камата за денационализација 7. емисија.

- шестта рата и шестта камата за денационализација 6. емисија.

- седма рата и седма камата за денационализација 5. емисија.

- осма рата и осма камата за денационализација 4. емисија.

- девета рата и девета камата за денационализација 3. емисија.

- десетта рата и десетта камата за денационализација 2. емисија.