Објави (вести)

07.07.2015



На 07.07.2015 год. е извршено претварање на 15.000 приоритетни партиципативни акции во 15.000 обични акции со право на глас издадени од страна на Акционерското друштво КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје со ЕМБС 6954707 со што основната главнина на друштвото е поделена на 40.000 обични акции со номинлана вредност од 4 еур за една акција


01.06.2015



Регистрација на Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација–
На ден 01.06.2015 година во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација во вкупен износ од 9.500.000 евра.
Обврзниците се запишани и во Депозитарот се водат под ISIN ознака MKMINF200DE0.
При регистрацијата, со обврзници за денационализација од Четиринаесеттата емисија се стекнаа  776 иматели.
Со оваа емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 01.02.2014 до 31.01.2015 година со кои како надомест се даваат обврзници.  Овие обврзници се хартии од вредност кои гласат на име, во ЕВРО валута и се неограничено преносливи. На обврзниците  се пресметува камата од 2% на годишно ниво, а номиналната вредност и каматата се отплатуваат во период од 10 години. Исплатата на  каматите и номиналните вредности од обврзниците ќе се одвива согласно објавениот Проспект за издавање и тргување на Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација  од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
На сопствениците на обврзници од оваа емисија Депозитарот ќе им достави на регистрираната адреса известување за доделениот износ на обврзници


01.06.2015



Пресметки на рати и камати на обврзници за денационализација-
На 01 јуни 2015 година Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје изврши пресметка на доспеаните камати и рати од обврзниците за денационализација од Четврта до Тринаесетта емисија. Пресметката е направена согласно Проспектите за обврзниците за денационализација објавени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
Исплатата на ратите и каматите ја врши Министерството за финансии. Исплатите се вршат на банковната сметка регистрирана на личната сметка на имателот на хартиите од вредност во Депозитарот.
Физичките лица - иметели на обврзници за денационализација кои досега немаат регистрирано банковна сметка во Депозитарот, за да се стекнат со паричните средства од доспеаните рати и камати, треба да се обратат и дадат овластување на некоја од деловните банки во Република Македонија.