Објави (вести)

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID - 19



ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ COVID - 19

 

Почитувани клиенти на ЦДХВ,

Ве известуваме за следните превентивни мерки против ширењето на COVID – 19:

-      доколку во последните три недели сте патувале во земји каде има епидемија на корона вирус, поради превенција не е препорачлива директна комуникација со вработените во Депозитарот. За потребни информации јавете се на нашите службени телефони, а доколку имате потреба од поднесување на документација истата доставете ја по пошта на подолунаведената адреса.

-      За останатите клиенти - Ве молиме доколку имате БИЛО КАКВИ СИМПТОМИ НА НАСТИНКА ИЛИ ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА, ДА НЕ ГИ ДОСТАВУВАТЕ ДОКУМЕНТИТЕ ВО ДИРЕКТЕН КОНТАКТ СО ИНСТИТУЦИЈАТА ОДНОСНО НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ, туку документите кои треба да ги поднесете до Депозитарот, да ги доставите по пошта на нашата адреса:

ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, Скопје.

На сите барања доставени по пошта Депозитарот одговара најдоцна за три работни дена.

За информации,Ве молиме обратете се на нашите службени телефони:

Издавачи на хартии од вредност – 023299807

Акционери и иматели на обврзници – 023299800


08.11.2019



Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, согласно Решение на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија број УП1 08-87 од 06.11.2019 година, донесе Одлука број 08-5523/3 од 07.11.2019 година, со која привремено ја исклучи од членство членката Илирика инвестментс АД Скопје, во времетраење од 15 дена, сметано од 07.11.2019 година.


29.05.2019



Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е дел од Проектот за финансиска едукација на граѓаните, со цел запознавање на граѓаните со услугите кои ги обезбедува оваа институција како еден од столбовите на пазарот на капитал.

За таа цел, во период од 29-31 мај, во просториите на Депозитарот, на посетителите на Депозитарот ќе им бидат обезбедени материјали за промоција на услугите кои ги нуди оваа институција и заинтересираните граѓани, на информативниот пулт, ќе имаат можност да добијат подетални информации и поблиску да се запознаат со начинот на добивање на услугите кои ги нуди Депозитарот, како што се на пр. водењето на акционерските книги на акционерските друштва, обезбедувањето на информации за состојбите со сметките на хартиите од вредност на физичките и правните лица, како и воедно можноста за добивање на услугите од Депозитарот по електронски пат.

https://www.facebook.com/cdhvmk/photos/a.1979932082068522/2369199956475064/?type=3&theater