Објави (вести)

13.08.2020



На ден 13.08.2020 година, Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесе Одлука со која се утврдува престанок и трајно исклучување од членството на Еуростандард Банка АД Скопје, како членка берзански посредник и ОТЦ членка. Одлуката е донесена врз основа на Решение на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија бр. УП1 08-63 од 13.08.2020 година, со кое е утврдено трајно одземање на дозволата за работа на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги од хартии од вредност, за вршење на сите услуги со хартии од вредност за кои има добиено дозвола од Комисијата и Решение бр. 15-20139/1 од 12.08.2020 година на Народната банка на Република Северна Македонија, со кое е укината дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, поради тоа што се исполнети условите за воведување на стечајна постапка во банката.


06.05.2020



Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донираа 1.000.000 денари на сметката на Министерството за здравство

Имајќи предвид дека се соочуваме со многу сериозна здравствена и економска криза поради настанатите состојби поврзани со вирусот COVID-19, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари. Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата.


Нова емисија



На ден 24.04.2020 согласно доставената документација од страна ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ седумнаесетта емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-43 од 06.04.2020 извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 123.000 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 7.926.910.000 МКД и е поделена на 792.691 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција.