Објави (вести)

06.05.2020



Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донираа 1.000.000 денари на сметката на Министерството за здравство

Имајќи предвид дека се соочуваме со многу сериозна здравствена и економска криза поради настанатите состојби поврзани со вирусот COVID-19, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари. Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата.


Нова емисија



На ден 24.04.2020 согласно доставената документација од страна ХАЛК БАНКА АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ седумнаесетта емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-43 од 06.04.2020 извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 123.000 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција. Основната главнина на друштвото по зголемувањето изнесува 7.926.910.000 МКД и е поделена на 792.691 обични акции со номинална вредност од 10.000 МКД за една акција.


Известување



Почитувани клиенти на ЦДХВ,

 

Потсетуваме дека во Депозитарот е забранет влез за странки додека трае вонредната состојба и предвидена е посебна постапка за доставување барања и документација. Подетално на следниот линк:

http://cdhv.mk/News.aspx?lng=1&news=11229

Ве известуваме дека започнувајќи од 08.04.2020 година, во ЦДХВ е воведено скратено работно време за вработените кои работат во просториите на ЦДХВ. За останатите вработени, кои работат од дома, работното време останува до 16 часот.

 

Нашите вработени можете да ги добиете на следните телефони, секој работен ден до 16 часот

 

Информатичка поддршка

 

Софија Видовиќ 070276884

Ленка Цветковска 070359711

Саша Стојановиќ 070298751

Виолета Тодоровска Јовановиќ 078344056

 

Барања информации и спроведување на наследства, подароци или ажурирање на податоци

 

Васка Кантурска Балевска 070409489

Бојан Московски 076742872

Виолета Симјановска 078441639

 

Акционерски книги и други извештаи за издавачи, нови емисии на хартии од вредност

 

Драган Анастасовски 071224707

Антонио Панев 071239835

 

Наплата на надоместоци и годишни членарини за акционерските друштва

 

Живко Здравковски 070609616

 

Ве молиме за услугите на ЦДХВ претходно да се информирате на нашата веб страна каде се објавени сите потребни документи и постапки.