Објави (вести)

25.04.2018



Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје се придружи на најголемото хумано движење во светот „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму)


Во рамките на своите активности за општествена одговорност, од оваа година ЦДХВ се приклучува кон иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. При тоа, на оној за кој сте направиле добро дело му давате картичка која тој понатаму ја дава на оној за кој ќе направи добро дело, така што таа картичка патува помеѓу луѓето со секое направено добро дело. Патот на картичката нема конкретна патека, ниту правила кога и каде треба да оди или да заврши. Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.

 

Одлучивме оваа година, во пресрет на 28 Април, меѓународниот ден на „Pay it forward“, да донираме спортски реквизити на Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје, а се надеваме дека оваа активност ќе поттикне и други компании за ширење на циклусот на дарежливост и хуманост.

 

За одбележување на 28 Април, меѓународниот ден на „Pay it forward“, Inner Wheel Club Skopje Europea организира на настан во Градскиот парк во Скопје во сабота на 28 Април. Повеќе на https://www.facebook.com/events/809720969228367/ ; https://www.facebook.com/InnerWheelClubSkopjeEuropea/ ; https://www.facebook.com/payitforwardinternational/ .


12.01.2018



ЦДХВ АД Скопје ги известува своите клиенти дека е склучен Договор со “KDD – Centralna klirinško depotna družba d.d.” од Република Словенија за посредување во издавање на LEI (Legal Entity Identifier) број. ЦДХВ ќе започне со извршување на услугата од 01.01.2018 година. Прочитај повеќе.

За повеќе информации во врска со услугата можете да се обратите и на тел. број 02/3299800.


22.09.2017



Соопштение за јавност

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е една од клучните институции на пазарот на капитал во Република Македонија на која една од основните функции е да ја гарантира сопственоста над хартиите од вредност и правата кои произлегуваат од сопственоста на хартиите од вредност.

Депозитарот 16 години континуирано придонесува за стабилноста и развојот на пазар на капитал, применувајќи во своето работење високи стандарди со цел да придонесе кон одржување на интегритетот на пазарот, а воедно и да ги заштити интересите на сите сопственици на хартии од вредност.

Депозитарот, неговите органи на управување и вработените во рамките на севкупното свое работење строго се придржуваат до начелото на законитост и еднаквост на сите корисници на неговите услуги.

Во таа насока, со оваа Соопштение ја известуваме јавноста, во врска со скорешните изнесени информации поврзани со преземање на акционерските друштва дека во сите постапки на преземање  Депозитарот постапува во границите на неговите овластувања пропишани со Законот за преземање на акционерските друштва.

Ја користиме приликата да ја честитаме јубилејната 70-та годишнина од работењето на компанијата нагласувајќи ја постојано коректната и успешна соработка на Депозитарот со Макпетрол АД Скопје.

Централен депозитар за хартии
од вредност АД Скопје