Објави (вести)

20.05.2016



На 18.05.2016г., во ЦДХВ е евидентирано ново друштво ЕОС Брокер АД Скопје со основна главнина од 50.000 ЕУР, издадени 500 обични акции со номинална вредност по акција од 100 евра.


01.04.2016



На 01.04.2016г. во ЦДХВ е евидентирано ново друштво со назив Акционерско Осигурително брокерско друштво ЏОКЕР ИНС БРОКЕР Гевгелија (ЕМБС 7098049), со основна главнина од 50.000 ЕУР, издадени 500 обични акции со номинална редност по акција од 100 евра.


24.03.2016



ЕБРД  одобри грант за модернизација на информацискиот систем на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје

 

На 22-ри март 2016 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (Депозитар) потпишаа Договор за Грант за поддршка на првата фаза од Проектот за функционална надградба  на Депозитарот. Финансирањето на проектот ќе биде реализирано преку Посебниот акционерски фонд на ЕБРД.

 Главната цел на Проектот е модернизација на услугите кои ги дава Депозитарот преку развивање на веб портали со кои ќе се овозможи крајните корисници на услугите на Депозитарот - инвеститорите и издавачите на хартии од вредност, на брз и едноставен  начин, преку интернет, да добиваат информации за состојбите со хартиите од вредност, олеснување на достапноста на информациите за целите на известувањата и овозможување на прием на информации поврзани со коорпоративни дејствија.

 Модернизација на услугите на Депозитарот ќе биде реализирана во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите практики од аспект на примена на безбедност на информатичката технологија и заштита на податоците.

 Овој проект ќе се реализира во две фази и се очекува да биде завршен во текот на 2016 година. Во првата фаза на Проектот ЕБРД ќе ги поддржи активностите за подготовка на неопходните анализи,  развивање на Технолошка стратегија за информацискиот систем на Депозитарот и поддршка при дизајнирањето на дистрибутивниот систем. Потоа, во втората фаза на Проектот ќе следи развивање на соодветни технолошки решенија за дистрибутивниот систем.

 Со грантот на ЕБРД и делот со кој Депозитарот со сопствени средства ќе го ко-финансира Проектот  се манифестира големата посветенот на двете институции кон развојот на македонскиот пазар на капитал и неговата транспарентност.