Објави (вести)

12.01.2016



Новини во Правилата за работа и Правилата за членство на ЦДХВ

Ве известуваме дека Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 30.12.2015г., даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за работа и Правилата за членство на ЦДХВ АД Скопје од 01.12.2015 година. Пречистени текстови на овие акти се достапни на веб страницата на ЦДХВ АД Скопје, во делот ЗА ЦДХВ/РЕГУЛАТИВА

Поважни новини на Правила за работа на ЦДХВ АД Скопје

 Членство во Депозитарот на друштвата за управување со инвестициски фондови

Со измените на Правилата за работа е воведена можноста, согласно измените на Законот за хартии од вредност од февруари 2015 година, друштвата за управување со инвестициски фондови да станат членки на Депозитарот, со привилегија на нивно име, а за сметка на своите клиенти да отворат портфолио сметки за хартии од вредност. Активноста на друштвата за управување со инвестициски фондови како членки на Депозитарот би се ограничила само на оваа функционалност и истите не би имале права како и другите членки - овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Утврдување на статусот на издавачите како активен, блокиран и пасивен

Со измените на Правилата за работа се дефинира и статусот на издавачите како активен, блокиран и пасивен, статус на хартиите од вредност како активен и блокиран, како и последиците од воведувањето на пасивен статус на издавачите во поглед на добивањето на услуги од страна на Депозитарот. Оваа промена, меѓу другото, се воведува и како резултат на одредбите на Законот за трговски друштва кои предвидуваат постапка за утврдување на неактивни субјекти и нивно бришење од Централниот регистар на Република Македонија.

Задолжително издавање на акционерските книги за издавачите со состојба 31 декември

Како една од побитните новини на Правилата за работа која се однесува на издавачите на хартии од вредност е одредбата со која обврската за ЦДХВ за доставување на акционерските книги на издавачите со состојба 31.12. се однесува само за акционерските друштва што редовно ги подмируваат своите обврски кон Депозитарот за годишниот надомест за водење на акционерските книги за претходната година.

Поважни новини на Правила за членство на ЦДХВ АД Скопје

Услови за стекнување на членство во Депозитарот на друштвата за управување со инвестициски фондови

Заради  измените на Законот за хартии од вредност објавени во февруари 2015 година со кои се воведува можност друштвата за управување со инвестициски фондови да можат да станат членки на Деопозитарот, во Правилата за членство на ЦДХВ АД Скопје се воведува ново засебно поглавје во кое се уредени условите и постапката за стекнување на членство во Депозитарот само за овие субјекти имајки го во предвид ниското ниво на пристап кое истите би го имале до услугите на Депозитарот во однос на членките кои се овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, односно берзанските посредници.


30.12.2015



Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден 31.12.2015 година (четврток) Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе работи со клиенти до 12:30 часот.

Ви ги честитаме претстојните празници и Ви посакуваме среќна и успешна 2016 година!

Со почит,
ЦДХВ АД Скопје


18.12.2015



На ден 17.12.2015 год., согласно доставената документација од страна на М-НАВ АД СКОПЈЕ и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ втора емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-126 од 05.12.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 71.202 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 1.225.192.000 МКД и е поделена на 1.225.192 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција.