Објави (вести)

10.12.2015



Согласно Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно донесениот заклучок на Владата на Република Македонија за одработување на неработниот ден 02.12.2015 година (среда) на 12.12.2015 година (сабота), Ве известуваме дека 12.12.2015 година е работен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Истовремено, Ве известуваме дека на 12.12.2015 година системот на ЦДХВ ќе биде отворен за работа на членките на Депозитарот и за порамнување на трговски трансакции со хартии од вредност.


09.12.2015



На 04.12.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Друштвото за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ КАРПОШ-СОКОЛИ 2000 АД Скопје со ЕМБС  7027958. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000,00 ЕУР и е поделена на 2.500 обични акции со номинална вредност од 10,00 ЕУР за една акција.


09.12.2015



На 07.12.2015 во системот на Депозитарот е евидентирано Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје со ЕМБС 7080336. Основната главнина на друштвото изнесува 6.150.000 МКД и е поделена на 6.150 обични акции со номинална вредност од 1000 МКД за една акција.