Објави (вести)

11.11.2015



На 11.11.2015г. во Депозитарот успешно беше завршена постапката за преземање на Пелистерка АД Скопје. Во постапката на преземањепонудата за откуп на акциите ја прифатија 42 акционери со вкупно 10975 обични акции, со кои се стекна преземачот ЦИП Продукт ДООЕЛ од Скопје.


30.10.2015



На 30.10.2015 во системот на Депозитарот евидентирано е Друштво за Застапување во Осигурување ИБО ИНШУРЕНС АД Куманово ЕМБС 7063431 со основна главнина 15.000, 00 евра
Издадени 1.500 обични акции со номинална вредност од 10,00 евра за една акција.


28.10.2015



На 28.10.2015г., во системот на Депозитарот евидентирано е Акционерско друштво за вршење на осигурително брокерски работи ПОРШЕ БРОКЕР АД Скопје ЕМБС 7074158
Основна главнина на друштвото е 75.000,00 евра. Издадени се 75 обични акции со номинална вредност од 1.000,00 евра за една акција.