Посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје
На 22.12.2023 година во посета на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје беа ученици од завршна година и нивни професори од Средното училиште “ЦАР САМОИЛ“ од Ресен.
Учениците беа запознаени со надлежноста на Депозитарот, организациската поставеност, начинот на кој Депозитарот ги врши своите функции со појаснување на постапката за регистрирање на нови акционерски друштва во системот на Депозитарот, регистрирање на нови емисии на хартии од вредност, доделување на единствен ISIN број и начинот на утврдување и порамнување на склучените трговски трансакции со хартии од вредност. Депозитарот изврши и презентирање на чекорите кои се преземаат во постапките за спроведување на нетрговски преноси со хартии од вредност, врз основа на склучени договори за дар, наследни решенија и сл.
Граѓанска обврзница
Во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на ден 14.11.2023 година е регистрирана ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА, издадена од страна на Република Северна Македонија преку Министерството за финансии, со ISIN MKMINF20GAК9, номинална вредност од 10.000 МКД по обврзница, купонска каматна стапка од 5%, датуми на достасување на купоните: 14.11.2024 година и 14.11.2025 година и датум на достасување на главницата на 14.11.2025 година.
Инвеститорски ден
На 13.09.2023 година ќе се одржи инвеститорскиот ден. Тргувајте со македонски хартии од вредност без трансакциски провизии!
Инвеститорски ден на Берзата на 13.09.2023 година - 31.08.2023 (mse.mk)