Објави (вести)

30.09.2015



На ден 30.09.2015 год., согласно доставената документација од страна на КОППЕР ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје и Решението на Комисијата за хартии од вредност за давање одобрение за издавање  долгорочни хартии од вредност ‒ трета емисија преку приватна понуда УП 1 Број 10-122 од 09.09.2015, извршено е зголемување на основната главнина на друштвото преку емисија на 22.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција. Новата основна главнина на друштвото изнесува 250.000 ЕУР и е поделена на 62.500 обични акции со номинална вредност од 4 ЕУР за една акција.


25.09.2015



На 25.09.2015 во системот на ЦДХВ е евидентирано Друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ РАБОТНИЧКИ АД Скопје со ЕМБС 6979971. Основната главнина на друштвото изнесува 25.000 ЕУР и е поделена на 500 обични акции со номинална вредност од 50 ЕУР за една акција.


14.09.2015



На 14.09.2015 год.  согласно доставената документација од страна на АГРОКУМАНОВО АД Куманово, во ЦДХВ е извршено  намалување на основната главнина на друштвото со повлекување на 3.000 сопствени обични акции со номинална вредност од 53,72 ЕУР за една акција. По намалувањето,  основната  главнина на друштвото изнесува 1.372.760,88 ЕУР и е поделена на 25.554 обични акции со номинална вредност од 53,72 ЕУР за една акција.