Објави (вести)

22.01.2015



Доставување акционерски книги - 

Ги известуваме издавачите на хартии од вредност евидентирани во базата на податоци на Депозитарот дека во наредните денови Депозитарот ќе врши доставување на акционерски книги со состојба на ден 31.12.2014 година до издавачите, согласно точка 6.2 од Правилата за работа на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Во насока на обезбедување на заштита на личните податоци на акционерите, акционерските книги ќе се доставуваат како заштитени (криптирани) документи. Дополнително ќе бидат доставени инструкции за декриптирање на документот.

Доставувањето на акционерските книги и инструкциите за декриптирање ќе се врши на адресата која издавачот на хартиите од вредност ја има пријавено во Депозитарот. Доколку кај некои од издавачите на хартии од вредност се настанати промени во адресата на друштвото кои не се пријавени во Депозитарот, ве молиме во најкраток можен рок до Депозитарот да доставите нови ажурирани адресни податоци.


29.12.2014



Ве известуваме дека на ден 31.12.2014 година (среда) Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе работи со клиенти до 12:30 часот.

Ви ги честитаме претстојните празници и Ви посакуваме среќна и успешна 2015 година!


10.12.2014



Согласно Соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно донесениот заклучок на Владата на Република Македонија за одработување на неработниот ден 03.12.2014 година (среда) на 13.12.2014 година (сабота), Ве известуваме дека 13.12.2014 година е работен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Истовремено, Ве известуваме дека на 13.12.2014 година системот на ЦДХВ ќе биде отворен за работа на членките на Депозитарот и за порамнување на трговски трансакции со хартии од вредност.