28.11.2014
Согласно донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, 03.12.2014 година (среда) е неработен ден за Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
26.09.2014
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и турскиот депозитар за хартии од вредност (Merkezi Kayıt Kuruluşu A.Ş. МКК), на 26.09.2014 година, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка има за цел интензивирање на соработката на двете институции во сферата на размена на информации и искуства поврзани со порамнувањето на трансакции со хартии од вредност, водењето на регистарот на хартии од вредост, а во функција на развој на финансиските пазари во Македонија и Турција.
18.08.2014
Постапувајќи по Решението на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за трајно одземање на дозволата за работа со хартии од вредност бр.08 УП1 86 од 14.08.2014 година на членката Еуроброкер АД Скопје, Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 15.08.2014 година донесе Одлука за трајно исклучување од членство на оваа членка, започнувајќи од 18.08.2014 година.