Објави (вести)

01.06.2013



Во ЦДХВ е извршена пресметка, а од страна на Министерство за Финансии на РМ е иплатена рата и камата на издадените обврзници за денационализација и тоа:

- прва рата и прва камата за денационализација 11. емисија.

- втора рата и втора камата за денационализација 10. емисија.

- трета рата и трета камата за денационализација 9. емисија.

- четврта рата и четврта камата за денационализација 8. емисија.

- петта рата и петта камата за денационализација 7. емисија.

- шестта рата и шестта камата за денационализација 6. емисија.

- седма рата и седма камата за денационализација 5. емисија.

- осма рата и осма камата за денационализација 4. емисија.

- девета рата и девета камата за денационализација 3. емисија.

- десетта рата и десетта камата за денационализација 2. емисија.


02.04.2013



На ден 02.04.2013 година Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје изврши исплата на 1.333.739.280 денари на сметките на 384 сопственици на акции издадени од Кјуби Македонија АД Скопје кои ја прифатија понудата за откуп на нивните акции од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Виена, Република Австрија, во постапката за преземање на ова акционерско друштво.

Претходно, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акциите издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, дадена од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Република Австрија.

Австрискиот инвеститор ги откупи хартиите од вредност по цена од 2001,22 денари по акција


09.11.2012



По барање на членката Охридска банка АД Охрид за доброволно истапување од членство, Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесе Одлука за престанок  на членството на членката  Охридска банка АД Охрид.